Верифицирано

Оштетена фасадата од Музејот на албанската азбука во Битола

11:00 Nov 13 2016 Битола

Оштетена фасадата од Музејот на албанската азбука во Битола
Опис
Во 11 часот во битолската полиција Н.А. (32) од Битола пријавил дека ноќта непознат сторител извршил оштетување на фасадата од Музејот на албанската азбука, сопственост на Министерство за култура.

Сторителот, велат од полицијата, со црна боја ги испрскал мермерната плоча и пластичната табла од влезната врата, а на ѕидот до влезната врата нацртал кукаст крст.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Ова е трето оштетување на Музејот. Претходните два напади се случија во мај и јули 2013 година: http://www.zlostorstvaodomraza.com/reports/view/45 и http://www.zlostorstvaodomraza.com/reports/view/75
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0