Неверифицирани

Група нападнала малолетник во автобус бр. 58 на ЈСП

13:07 Feb 28 2017 н. Центар, Скопје

Опис
Околу 19.20 часот во автобус на ЈСП бр. 58, кој се движел во насока кон Транспортниот центар, од возачот на автобусот добиена е информација дека на автобуската постојка пред ТЦ „Веро Џамбо“, во автобусот влегла поголема група на младинци на возраст од 16-18 години и откако автобусот почнал да се движи лицата физички нападнале 17 годишен малолетник од автобусот и искршиле едно стакло.

Откако автобусот застанал на постојката на Транспортен центар, сторителите излегле и се разбегале во различни правци. По настанот оштетениот е примен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“–Ургентна клиника, каде му се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош, заедно со неговите родители настанот го пријавиле во Полициската станица од општа надлежност „Центар“.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје преземени се мерки за расчистување на настаните при што поради нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство во Полициската станица од општа надлежност „Центар“ од страна на Единицата Алфа лишени од слобода и повикани се 9 (девет) лица од кои пет лица на возраст од 14 до 18 години како можни сторители на насилството, а останатите во улога на сведоци на настаните. Во присуство на родители и адвокати на можните сторители извршен е разговор, по што малолетните лица се пуштени додека едното полнолетно лице е задржано во станица.
Линк од вести
http://moi.gov.mk/dneven-bilten/684
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0

Повеќе пријави

Претепани двајца средношколци

20:00 Oct 02, 2015

н. Центар, Скопје, 0.03 Kms

Масовна тепачка на младинци во центарот на Скопје

13:01 Feb 14, 2014

н. Центар, Скопје, 0.13 Kms

Нападнат малолетник кај Транспортен центар

18:35 Mar 01, 2017

Центар, Скопје, 0.16 Kms