Неверифицирани

Нападната активистка на СДСМ од Прилеп

21:00 Mar 16 2017 Прилеп

Опис
Активистка на СДСМ-Прилеп била нападната во околу 21 часот, Сузана Трајковска, која е член на прилепските социјалдемоктати, вели дека била пресретната и нападната од две непознати лица, чии лица не можела да ги види затоа што биле покриени со качулки.

- Нападот се случи на улица Републиканска, кај Грчка Црква. Овие лица ми пријдоа од зад мене, ме фатија цврсто под двете мишки, ме подигнаа и со движење (ме носеа - буквално), најпрво ме предупредија да не гледам ниту лево, ниту десно, а потоа едниот од нив ми говореше: „Многу се експонираш по телевизии и ако продолжиш ќе те збришиме". Потоа ме пуштија со предупредување да не се вртам по нив, додека заминуваат. Лицата носеа црни плетени ракавици, црни дуксерки со качилки и по мое гледиште беа постари од триесетина години. Едниот од нив, кој ми се закануваше, го менуваше гласот- раскажа Трајковска.

Шокирана и уплашена, вели, веднаш се јавила на сопругот, кој ја одвел дома.

Следниот ден случајот бил пријавен во полиција од каде и било кажано дека ќе ги проверат камерите во околината, но од снимките не можело да се утврди идентитетот на напаѓачите затоа што тие снимале само во дворните места на сопствениците.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Сериозна закана

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0