Неверифицирани

Ученик нападнат во патничко комбе

13:30 Mar 22 2017 н. Аеродром, Скопје

Опис
На 22.03.2017 година во 14.00 часот телефонски во ПС Аеродром, А.И. (51) од Куманово пријавил дека истиот ден околу 13.30 часот во Скопје на бул. „3-та Македонска Бригада“, во близина на СУГС „Марија Кири Склодовска“, неговиот 17-годишен син, додека се возел со двајца негови другари во комбе на релација Куманово-Скопје, физички бил нападнат од пет до шест непознати лица, најверојатно ученици кои патувале во истото комбе. Најпрвин му пришло едно од лицата и, откако го прашало нешто, го удрило со тупаница во пределот на главата, по што истиот паднал. Тогаш пришле и другите лица и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Во близина на СУГС „Димитар Влахов“ малолетникот се симнал и настанот го пријавил на полициски службеници. Од физичкиот напад лицето се здобило со повреди во пределот на главата и телото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Егзон Ајдини, ученик:

„Симнувајќи се пред училиште одеднаш ме нападнаа 6 лица. Ме удираа со боксови и клоци. Многу сум исплашен, ситуацијата воопшто не е добра. Утре ќе одам во училиште, со автомобил со татко ми“.

Таткото на Егзон Ајдини, Исмет е исплашен за безбедноста на неговиот син, и ја повикува полицијата да ги најде сторителите. Тој вели дека насилниците освен што го истепале, дури и му се заканувале на неговиот син.

Исмет Ајдини, родител:

„Му кажале повеќе да не оди во училиште. Тие се организирани, но со помош на полицијата ќе се обидеме да обезбедиме сигурност за учениците, а повикани се и сведоци. Сторителите избегале од полицијата. Полицијата во 18:40 беше во автобусот кој патува за Куманово, но сторителите не биле таму. Ние ги пријавивме во полиција, нема каде да избегаат“.

МВР го потврдува случајот, и од таму велат дека се истражува инцидентот каде што момчето беше нападнато.
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0