Неверифицирани

Нападнати малолетници во скопски Аеродром

14:00 Mar 22 2017 н. Аеродром, Скопје

Опис
Во 16.30 часот во ПС Аеродром, И.Б. (45) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека истиот ден околу 14.00 часот во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7 неговиот 17-годишен син заедно со неговиот другар физички биле нападнати од околу 20 непознати лица. На автобуската постојка на бул. „3-та Македонска Бригада“, во близина на СУГС „Марија Кири Склодовска“, во автобусот се качиле околу 20 непознати лица на возраст од 14 до 18 години. Неколку од нив почнале да го влечат неговиот син и кога го истуркале надвор физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе во пределот на телото. После тоа се свртеле кон неговиот другар и почнале да го удираат со шлаканици по задниот дел на главата, но тој успеал да избега. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Линк од вести
http://www.mvr.gov.mk/dneven-bilten/706
Повеќе податоци
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори): Физички напад,Телесна повреда,Насилство

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0