Верифицирано

Симнато македонското, поставено албанско знаме во Куманово

16:00 Mar 31 2017 Куманово

Опис
Двајца тинејџери попладнево околу 16 часот го симнале од јарболот големото македонско знаме поставено кај фонтаната пред поранешен Хотел „Кристал“ во Куманово, а на негово поставиле албанско знаме на половина копје.

Според полициски извори станува збор за две млади лица кои веднаш биле приведени, во меѓувреме било повикано засилено полициско обезбедување, а при обидот да го симнат знамето дојде до турканици и со полицијата при што двајца службеници на СВР Куманово биле повредени.

Според порталот „Кумановски муабети“, две лица од албанска националност по потекло од село Слупчане го симнале македонското знаме и се одибеле да го закачат албанското на јабролот во центарот на градот.

Според очевидци на самото место имало уште неколку лица, најмалку уште четворица, но останатите се дале во бегство, а двајца се приведени. На распит биле повикани и неколку сведоци.

Пратениците Максим Димитриевски и Оливер Спасовски повикаа да е се креваат тензии во градот и да не се провоцираат граѓаните.

11 АПРИЛ 2017 - ПРАВДИКО

Основното јавно обвинителство – Куманово до Основниот суд – Куманово поднесе Обвинителен предлог против Л.К. за сторени кривични дела – Напад на службено лице при вршење на јавна безбедност од чл.383 ст.2 вв со ст.1 и Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост од чл.319 ст.1 од Кривичниот законик.

на улицата „Гоце Делчев” во центарот на Куманово, околу 16:00 часот, обвинетиот заедно со неколку непознати лица и малолетниот Л.С. го симнале и го оштетиле знамето на Република Македонија и на јарболот закачиле знаме на Република Албанија. При обид да бидат спречени во намерата од страна на службени лица од Министерството за внатрешни работи, обвинетиот нападнал еден од полицајците и му нанел телесна повреда – набиеница на главата и десната шака. Настанот предизвика чувство на раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност кај јавноста.

Со оглед на тоа што станува збор за кривично дело од јавниот ред и постојат околности што го оправдуваат стравот дека доколку обвинетиот се брани од слобода ќе го повтори кривичното дело, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово со обвинителниот предлог достави и посебен предлог за продолжување на определените мерки – куќен притвор и мерки на претпазливост.

Малолетниот Л.С денеска е сослушан пред судија за малолетници при Основниот суд во Куманово и за него ќе продолжи постапката со изведување на докази.
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0