Неверифицирани

Нападнати и повредени Роми на базен во Велес

19:00 Jul 23 2017 Велес

Нападнати и повредени Роми на базен во Велес Нападнати и повредени Роми на базен во Велес
Опис
Во Градскиот базен „Снупи“ во Велес неколку Роми од Скопје во биле претепани од десетина лица, меѓу кои имало и членови на обезбедувањето на базенот од агенцијата за обезбедување – СГС

„Немој ти мене да ме учиш кого да пуштам да скока во базен, ти не смееш да скокаш!“, на дрзок и насилен начин, според сведочењето на нападнатите скопјани, спасителот на базенот „Снупи“ во Велес му се обратил на Ромчето кое скокнало во базенот. На тоа реагирале роднините на момчето, при што дошло до турканица која набргу била расчистена, откако интервенирале обезбедувањето – СГС и сопственикот на базенот.

„Сопственикот на базенот, Аце, дојде кај нас на маса и нè убеди дека нема повеќе да се случи спасителите на базенот да се однесуваат дрско со посетителите. Меѓутоа, пред да се затвори базенот, околу 19 часот, кога речиси сите гости си заминаа, и ние се подготвуваме да се вратиме дома во Скопје, додека внукот Ибраим Умер излегуваше од соблекувалната, без никакво образложение, еден со стаклено шише го удри по глава. Ние дотрчавме да видиме што се случува, но во тој момент, однадвор влегоа околу дваесетина души во цивилна облека, со палки и шипки, и почнаа да не тепаат“, сведочи за ЦИВИЛ Медиа, Сами Умер, еден од тепаните граѓани.

Тој тврди дека тепачите биле повикани од газдата, од спасителот или од обезбедувањето на базенот.

„Тепачите не беа спречени да влезат во базенот – за да не нè тепаат, напротив, меѓу нив беа и обезбедувањето на базенот од СГС, и тие нè маваа, наместо да не заштитат“, додава Умер.

Полицијата интервенираше по 15-20 минути, откако бевме истепани и раскрварени, велат тепаните Роми.

„Полицијата кога пристигна, наместо да ги апси тепачите, тие нам ни ставија ‘лисици’ и ни викаа“, истакна Џељадин Умер, еден од тепаните.

„На ден 23 јули 2017, околу 19.00 часот на Градскиот базен ‘Снупи’, додека лицето И.И. (21) од Скопје, излегувал од соблекувалната на базенот, бил пресретнат од Н.Н. – лице, кое веднаш го удрило по главата со шише, од што се здобил со видлива телесна повреда – расекотина над десното око. Настанала општа гужва. Непознатите лица со шипки од чадори за сонце физички ги нападнале Е.И. (19) од Скопје и С.У. (34) од Скопје, по што, во еден момент, се дале во бегство кон долната капија на базенот“, вели Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој не даде подетални информации за причината за тепачката. „Ние поднесовме кривични и прекршочни пријави за шест лица, а за понатамошната постапка ќе треба да одлучи Основното јавно обвинителство во Велес.
Повеќе податоци

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0