Верифицирано

Вандали го оштетиле Музејот на албанската азбука во Битола

01:00 May 22 2013 Битола

Вандали го оштетиле Музејот на албанската азбука во Битола
Опис
Националната установа Музеј на албанската азбука во Битола соопшти дека утрово е извршен упад во просториите на Музејот во овој град и оштетување на изложбениот простор и поставки кои неодамна беа промовирани во таа установа.

Според директорот Газменд Хоџај најверојатно станува збор за изолиран случај, поединец или група кои од непознати причини најнапред ја скршиле влезната врата, а потоа го оштетиле Музејот во Битола.

- Оштетен е инвентарот, а од вкупно 11 поставени излози со вредни документи и материјали девет се целосно искршени. Настанот се случил по полноќ, а околу 4 часот утрово во просториите увид изврши екипа на СВР-Битола со кои заеднички ги констатиравме направените штети. Жалам за овој настан затоа што изложбата вредно ја создававме а за што помош имавме и од Министерството за култура, истакна Хоџај.
Повеќе податоци
Локација: Установа

Незадолжителни податоци – Опис на сторителот


Веродостојност: UP DOWN 0